Убиени се 300 севернокорејски војници во Руско-украинската војна

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најмалку 300 севернокорејски војници, кои се бореле на страната на Русија против Украина, се убиени во борбите, а околу 2.700 се ранети, соопшти утрово јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС).

Информацијата била соопштена за време на состанокот зад затворени врати на парламентарната комисија за разузнавање, според изјавата на пратеникот Ли Сеунг-Квон од владејачката Партија на моќта на народот.

Ли изјави дека НИС, исто така, информирала дека Северна Кореја им наредила на своите војници да се самоубијат за да не бидат заробени живи од украинската војска. Пратеникот рече дека еден од двајцата севернокорејски војници заробени од украинските сили во регионот Курск во Русија, одбил понуда за азил во Јужна Кореја.

Во речиси триминутното видео, кое украинскиот претседател Володимир Зеленски го објави вчера на Икс, еден од ранетите севернокорејски војници вели дека сака да остане во Украина на прашањето дали сака да се врати дома.

Share This Article