Огнено торнадо е снимено како се приближува кон долината Сан Фернандо во Лос Анџелес, феномен предизвикан од силните ветрови во област која веќе 4 дена е загрозена од големи пожари, објави Дејли мејл.
Феноменот е забележан во близина на градот Пацифик Палисадес, еден од најтешко погодените од катастрофалните пожари во кои според последните податоци загинаа 11 лица, додека уништени се 11.000 згради.
Иако денеска состојбата на терен е нешто подобра, уште најмалку три пожари не се ставени под контрола. Најновата снимка покажува огнено торнадо кое се формира додека пламените јазици се приближуваат до долината Сан Фернандо.
Огненото торнадо е ретка појава која се јавува кога шумски пожар, заедно со турбулентните ветрови, создава огнен вител, заедно со пепел и чад.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
