Роуан Аткинсон, актерот кој ширум светот е познат по улогата на легендарниот Мистер Бин, на 6 јануари го прослави својот 70-ти роденден.
Додека публиката со насмевка се сеќава на неговите иконски улоги, неговиот приватен живот беше пропратен со скандал што го потресе и неговото семејство.
За време на бракот со Сунетра Састри (67), жена со која помина повеќе од 2 децении, Аткинсон стана татко на две деца. Тој започна и романса со Луиз Форд, 26 години помлада актерка.
– Сунетра беше многу повредена бидејќи ја замени со многу помлада жена – изјавил извор за британски таблоид.
Многумина тогаш коментираа дека Сунетра е „премија за Роуан“ и го осудија за неговиот однос кон семејството.
Разводот на Роуан и на Сунетра во 2015 година се случи во рекордно време, а на судот му биле потребни само 65 секунди да го потврди, наведувајќи го „неразумното однесување“ на актерот како причина. Иако деталите за ваквото однесување никогаш не беа објавени, јавноста шпекулираше за причините.
По разводот, Сунетра доби луксузна куќа, вредна повеќе од 21 милион фунти, додека, пак, Аткинсон се пресели во многу поскромна куќа, вредна 4 милиони фунти.
Ќерката на Роуан, Лили (30), длабоко разочарана од постапките на нејзиниот татко, решила да го смени презимето од Аткинсон во Састри, земајќи го презимето на нејзината мајка. Лили сега е успешна кабаре уметничка, изгради своја кариера во светот на забавата и честопати настапува во познати лондонски клубови.
Иако не е блиска со својот татко, талентираната Лили изгледа ја наследила неговата склоност кон глумата и кон изведбата.
По скандалот и турбулентниот период, Роуан Аткинсон се повлече од очите на јавноста. Тој во 2017 година доби дете со Луиз Форд (44) и оттогаш се посвети на улогата на татко. Во 2024 година, тој им кажал на пријателите дека планира пауза во кариерата за да се фокусира на семејниот живот.
– Рече дека сака да биде со својата ќерка Исла и да ѝ даде можност на Луиз да се фокусира на нејзината актерска кариера која добро ѝ оди – открил извор близок до актерот.
Сепак, иако денес живее мирен и затскриен живот, Роуан сѐ уште е популарен и кога и да се погледне неговиот лик, измамува насмевка.