Движењето ЗНАМ – За наша Македонија соопшти дека Илире Даути е разрешена со интерпелацијата и дека таа повеќе не може да ја извршува функцијата претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади во Собранието.
„Сосем е нејасно на што се темели соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието дека со изгласувањето на интерпелацијата не следува и разрешување на претседателката на Комисијата, госпоѓа Даути. Од вчерашната седница на Собранието, на која беше изгласана интерпелацијата за г-ѓа Даути, за нас исходот е многу јасен. Собранието на Република Македонија утврди одговорност кај госпоѓа Даути, таа несомнено го прекршила Деловникот, а санкцијата за прекршувањето на Деловникот е разрешување за оној што го направил тој прекршок“, наведува ЗНАМ во допис до медиумите.
Според Движењето ЗНАМ, коалициски партнер во Владата, „со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува претседателската функција во работното тело на Собранието“.
„Очекуваме опозицијата, на која, според претходната распределба, ѝ припадна претседателското место во оваа комисија, веднаш, уште в понеделник, да предложи нов кандидат за оваа позиција“, соопшти ЗНАМ.
Со 61 глас „за“ вчера попладне беше прифатена интерпелацијата за работата на Илире Даути, поднесена од пратениците на Левица. По изгласувањето на интерпелацијата за Даути, Кабинетот на Претседателот на Собранието прати соопштение во кое наведе дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство.
Како што посочија од Кабинетот, именувањата и разрешувањата „се уредуваат со други посебни процедури, утврдени во Деловникот на Собранието, законите и во Уставот“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖