Политизацијата на меѓуетничките прашања ѝ штети на Македонија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На собраниска седница за интерпелации се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој зеде збор во врска со интерпелацијата за министерот Иван Стоилковиќ и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија не ја поддржуваат интерпелацијата, поднесена од страна на ДУИ.

– Дозволете ми да го соопштам ставот на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата Твоја Македонија која што нема ја да поддржи оваа интерпелација од неколку причини. Најпрвин, бидејќи се работи за лов на евтини политички поени од страна на ДУИ врз основа на меѓуетнички прашања, а она, што е посериозно, е тоа што обидот за политизација на меѓуетничките прашања, во време кога Македонија се соочува со многу предизвици на патот кон Европската Унија, е непотребен и пред сѐ штетен за стабилноста на државата што, пак, е во директна колизија со интересите на нашите стратешки партнери – рече Петрушевски.

Пратеникот истакна и дека основите, поднесени за оваа интерпелација, се во надлежност на безбедносните структури, а не на министерот Стоилковиќ, а објасни и дека основата за поднесувањето на оваа интерпелацијата од страна на ДУИ е јавното откривање на криминалите, сторени од страна на ДУИ.

– Исто така, морам да истакнам дека наведените основи во интерпелацијата се во исклучива надлежност на безбедносните структури и во никаква надлежност на министерот Стоилковиќ и она што е добро е тоа што имаше соодветна реакција на МВР и се разјаснети сите околности – особено морам да го истакнам инцидентот во Куманово каде што апсолутно не се работеше за никаков меѓуетнички инцидент, туку напротив, немаше никаква етничка основа. Но, да бидеме реални, вистинската основа за интерпелацијата е тоа што министерот Стоилковиќ ги откри јавно криминалите во работењето во Министерството за односи меѓу заедниците додека било раководено од ДУИ. Наместо на ваков начин да се обидува ДУИ да го брани Артан Груби, најдобро ќе биде веднаш да си ја повлече оваа неоснована интерпелација – објасни Петрушевски.

Share This Article