Мел Гибсон откри дека неговиот дом е уништен во шумските пожари во Лос Анџелес

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Мел Гибсон откри дека неговиот дом е уништен во шумските пожари во Лос Анџелес.

Во тоа време, тој бил во Тексас и го снимал поткастот на Џо Роган. Тој рече дека неговиот имот во Малибу е целосно изгорен и го критикуваше гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, за ситуацијата, објави Си-Ен-Ен.

– Се разбира, емотивно. Моите работи беа таму, сега се во пепел – изјави тој за News Nation.

Актерот вели дека му било многу непријатно за време на снимањето на целото интервју со Роган бидејќи му било лошо што бил таму додека му гори маалото.

– Се прашував дали мојата куќа е сѐ уште таму. Кога се вратив, се разбира, мојата куќа ја немаше – додаде тој.

Тој вели дека интензитетот на уништувањето целосно го шокирал.

– Целосно изгорено, стопено. Никогаш не сум видел такво нешто – вели тој.

Гибсон живеел таму 15 години. Тој открил дека изгореле и куќите на неговите соседи, вклучувајќи ја и онаа на актерот Ед Харис.

На фотографијата е квартот во Малибу, каде Мел Гибсон, Шер, Ед Харис, Мира Сорвино имаат домови… Фотографијата е направена пред пожарот.

- Advertisement -
Ad image

Да потсетиме, шумски пожари го опколија Лос Анџелес. Официјални лица потврдија најмалку 10 смртни случаи, но се стравува дека бројот на загинати ќе се зголеми откако иследниците ќе можат безбедно да пристапат до населбите. Десетици илјади луѓе беа евакуирани, околу 10.000 објекти се уништени, а штетата се проценува на десетици милијарди долари.

Вилата на актерот Адам Броди вредна 6,5 милиони долари целосно изгоре, пожарот ги зафати сите соби, а од имотот излегува чад.

Без дом остана и Парис Хилтон.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article