По претставката од министерот Минчев, комуналното претпријатие треба да ги отстрани неправилностите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Државниот инспекторат за труд по добиената претставка од министерот за јавна админситрација Горан Минчев го поништил огласот за вработување во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од Липково, а работодавачот бил известен за потребата за отстранување на неправилностите.

Министерот Минчев денеска ја поздрави брзата и професионална реакција на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), кој по применета претставка утврдил дека огласот за вработување во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од Липково, е објавен во спротивност со важечките законски прописи.

„Државниот инспекторат за труд информираше дека на 8 јануари 2025 година, по добиената претставка, извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈКП Пиша, при што е потврдено дека огласот за вработување на четири лица не ги исполнил законските барања, согласно Законот за вработените во јавниот сектор и Правилникот за задолжителни елементи на јавните огласи. Како резултат на ова, огласот беше поништен, а работодавачот е известен за потребата за отстранување на неправилностите“, се наведува во соопштението.

Минчев изразува задоволство од преземените мерки, кои обезбедуваат почитување на законските норми и гарантирање на правото на еднакви можности за сите граѓани. Нагласува дека е возможно функционирање на институциите и дека Министерството за јавна администрација ќе продолжи со активна работа на унапредување на системот на вработување во јавниот сектор, со цел обезбедување на праведни, транспарентни и стручни процеси.

– Законот е јасен – вработувањата во јавниот сектор треба да се базираат на квалификации, компетенции и транспарентност, а не на етничка или друга дискриминаторска основа. Ваквиот пристап ја нарушува довербата во институциите и заштитата на правата на сите граѓани. Политичката волја за почитување на законите треба да биде основен принцип на секоја јавна институција – изјави министерот Минчев при поднесување на претставката.

Во соопштението се подвлекува дека Министерството за јавна администрација, како носител на процесите на реформа во јавниот сектор, ќе продолжи со напорите за обезбедување јавни институции кои ќе се темелат на принципите на стручност, етика и професионализам.

Share This Article