ОТКУПОТ Е ЗАПРЕН, 29.000 ТОНИ ОРИЗОВА АРПА СТОИ ВО АМБАРИТЕ

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Откупот на оризовата арпа од минатогодишната реколта е во застој, а земјоделските производители од кочанскиот регион се револтирани што не се почитува договорот, постигнат во ноември, за пласман на произведените количини и принудени се да ги чуваат во домашните амбари.

За надминување на состојбата бараат нова средба со ресорниот министер, а во спротивно се закануваат со протести.

-Уште од август минататa година нема откуп. Имавме неколку средби со министерот, но после секој разговор состојбата уште повеќе се влошуваше. Очигледно е дека се прави манипулација со нас, па и со откупувачите. На средбата со министерот беше договорена мерка на откупните претпријатија да им се исплаќаат по 6.000 денари за откупен тон арпа, ама таа не се почитува и не е откупен ниту еден килограм. Мислиме дека министерот ги прави сите манипулации, верувавме во него, но ќе излезе дека е најлош досега. Производната цена е пресметана на 26 денари за килограм, а нам ни нудат да го откупат под тој износ. Откупувачите се жалат дека имаат нарушени пазари во Србија, Косово и регионот- изјави Здравко Арсов, оризопроизводител од Облешево.

Откупните цени што им се нудат на оризопроизводителите се на нивото што го имале пред 5 години, така што со порастот на трошоците на производство не можат да ги покријат ниту основните давачки.

 

– Белиот ориз на пазарот се продава по 120 денари за килограм, а ние добиваме само една третина од тоа. Граѓаните мислат дека оризот има цена, но за нас производителите нема. Има за откупувачите и за трговците. Министерот кога доаѓаше велеше дека не треба да сме задоволни со цена од 32 и 34 денари за килограм, а сега цената е 26 денари, ама никој не нѐ слуша. Лично имам долг од 15.000 евра за репроматеријали и ако од оваа реколта нема оправданост, зошто да го сееме напролет – вели Коце Ангелов, оризопроизводител од Облешево.

Земјоделците тврдат дека речиси 80% од минатогодишното производство не е откупено, а заедно со неоткупените количини од претходната година, во моментот залихите се проценуваат на околу 29.000 тони оризова арпа.

Според нив, дополнителен проблем пред почетокот на новата сеидбена сезона е што водостопанската подружница „Брегалница“ доцни со чистењето и подготовката на каналската мрежа за наводнување, поради што може да се пропушти оптималниот рок за сеидба во април и мај.

Share This Article