Кошта и Фон дер Лајен со нетрпение го очекуваат позитивниот ангажман со администрацијата на Трамп

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Ursula von der Leyen addresses lawmakers before a vote to choose the next President of the European Commission, at the European Parliament in Strasbourg, France, July 18, 2024. REUTERS/Johanna Geron
- Advertisement -
Ad image

САД се еден од нашите најблиски партнери и ние сме посветени на зајакнување на трансатлантската врска, се наведува во објавата што ја споделија претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен на мрежата Икс.

„За нас во ЕУ од суштинско значење е да ги заштитиме и да ги зајакнеме нашите основни демократски вредности, да ја направиме нашата економија поконкурентна и одржлива, да ја прошириме нашата глобална мрежа на партнерства и да инвестираме повеќе во нашата безбедност“ се вели во објавата на Кошта и Фон дер Лајен.

Тие нагласуваат дека ЕУ секогаш ќе ги штити своите граѓани и интегритетот на европските демократии и слободи.

„Со нетрпение очекуваме позитивен ангажман со идната американска администрација, врз основа на нашите заеднички вредности и заеднички интереси. Во еден суров свет, Европа и САД се посилни заедно“, се додава во идентичната објава на Кошта и Фон дер Лајен.

Објавата доаѓа во пресрет на преземањето на должноста претседател на САД од страна на Доналд Трамп и во услови на зголемени тензии во трансатлантските односи по неговите изјави за преземање контрола врз данскиот остров Гренланд и заканите упатени од страна на неговиот заменик Џеј Ди Венс доколку Брисел преземе санкции против платформата Икс и нејзиниот сопственик Илон Маск.

Трамп на почетокот на неделава изјави дека не може да исклучи употреба на „воена сила или економска принуда“ кога станува збор за преземање контрола врз Гренланд и Панамскиот канал од страна на САД, додавајќи дека овие две територии ѝ се потребни на земјата за осигурување на нејзината „економска безбедност“.

Новоизбраниот потпретседател Венс, пак, изјави дека американската поддршка за НАТО треба да зависи од тоа какви мерки ќе преземе Европската Унија за регулирање на Икс и во врска со Маск. Маск деновиве упати јавни критики на сметка на неколкумина европски лидери и ја поддржа екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) на претстојните германски предвремени парламентарни избори. На претседателските избори во САД во ноември минатата година Маск го поддржа Трамп и учествуваше во неговата кампања. Европската Комисија во моментов води истрага против Икс поради ширење дезинформации и говор на омраза, која би можела да заврши со санкционирање на социјалната мрежа.

Share This Article