Британската пејачка Шерил Кол, со вистинско име Шерил Твид, веќе извесно време е под страв од прогонувач, кој неодамна се појави пред нејзиниот дом во Бакингемшир

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британската пејачка Шерил Кол, со вистинско име Шерил Твид, веќе извесно време е под страв од прогонувач, кој неодамна се појави пред нејзиниот дом во Бакингемшир.

Станува збор за осудениот убиец Даниел Банистер, кој во 2012 година беше осуден на 30 години затвор за убиство што го извршил во прифатилиште за бездомници. Пејачката била „сериозно вознемирена“ поради ова нарушување на безбедноста во нејзиниот дом, пишува британски „Мирор“.

Банистер долго време покажувал „опсесивно, несакано и компулсивно однесување“ кон Шерил. Тој во јули минатата година се обидел да влезе во имотот во кој живее пејачката со синот Беар и тогаш бил уапсен.

Во септември тој беше осуден на четири месеци затвор и три години забрана за приоѓање. Меѓутоа, тоа не го спречило.

Набргу по погребот на трагично починатиот Лијам Пејн, поранешниот партнер на Шерил со кој има син, кој почина во октомври откако падна од третиот кат во хотел, Даниел повторно се појавил пред нејзината куќа и повторно бил уапсен.

Сега го чека 30 јануари за да му се одреди новата затворска казна. Според британските медиуми, Банистер се изјаснил за виновен за три одделни дела кои ги направил во декември и моментално е во затвор.

Даниел се изјаснил за виновен за убиство од небрежност во 2012 година. Во февруари истата година, тој го нападнал Раџендра Пател во засолништето ИМЦА во јужен Лондон, а Пател починал еден ден откако бил хоспитализиран. Банистер требало да биде осуден за убиство, но обвинителството го намалило обвинението и тој на крајот бил осуден за убиство од небрежност.

Share This Article