Background

Експресниот пат Куманово – Страцин – Крива Паланка е прв проект во Македонија кој е завршен навреме

Експресниот пат Куманово-Страцин-Крива Паланка е првиот проект кој се завршил навреме во историјата на Македонија. Патот е од народот и за народот и ќе значи големо економско заживување на источниот дел од државата, изјави министерот за транспорт Александар Николоски во гостување на ТВ Алфа.

– Станува збор за еден прекрасен проект, со четири ленти, две од едната и две од другата страна, каде дозволената брзина е 110 километри на час. Овој пат ќе значи заживување на источниот дел на државата и е главна артерија за поврзување со Бугарија. Она што е исто значајно е што по овој експресен пат ќе почне да се развива бизнис. Очекувам од левата и од десната страна на патот да почнат да се развиваат стопански субјекти и фабрики, кои што ќе вработуваат нови луѓе, како и трговски центри, магацини, бензински пумпи и сѐ она што носи развој со изградба на една ваква делница – рече Николоски.

Министерот потенцираше дека затекнал катастрофална состојба на овој патен правец, бидејќи еден од изведувачите целосно ги напуштил работите, а проблеми имало и со недостигот на работници и со надзорот.

- Advertisement -
Ad image

– Со судни маки успеавме да ги вратиме работниците назад и да обезбедиме надзор. По најголем дел од трасата косините не беа заштитени, а на најголем дел од трасата немаше ниту капка асфалт или поточно на 17,5 км од 25 км воопшто немаше асфалт. Немаше ограда, немаше банкини, немаше еластична ограда, немаше канали изведени, сигнализација и сѐ она што е дел од уредување на еден пат – рече Николоски.

Тој потенцира дека за прв пат во изградбата на еден патен правец во Македонија се примениле нови методи.

– За прв пат се примени асфалтирање на ниски температури, со што целосно се промени динамиката на изградба. Прв пат Македонија виде дека може да се работи под рефлектори. Немаше класично работно време од една смена, туку се работеше во три смени. Трето, прв пат Македонија виде дека може да се работи на дожд, секако со заштита на работниците. Четврто, прв пат Македонија виде дека може паралелно да се работи на повеќе сегменти од патот и петто, за прв пат се мобилизираше толкав број работници и машини кои работеа во исто време – рече Николоски и најави дека во 2025 година ќе следуваат многу нови проекти и позитивни вести.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation