Background

ПРВ КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ

Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево го одржа првиот координативен состанок со Организцискиот одбор за подготовка  на најмасовната културно- верска манифестација  кај нас Богојавление- Водици. Очекувањата се дека и годинава празникот ќе биде одбележан на највисоко ниво со бројни посетители од земјава и странство.

Во согласност со традицијата , Богојавленските чествуавања ќе бидат составени од два дела. Првиот дел е црковниот, за кој е задолжена Дебарско-кичевската епархија при МПЦ и вториот  е граѓански и   го координира Општина Охрид, а  се однесува на целокупната празнична програма.

На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро.   Годинава  Свети Литургии со почеток во 8:15ч.  ќе се одржат во четири парохиски цркви; Успение на Пресвета Богородица –  Каменско, Св. Никола- Геракомија, Св. Никола- Долна Влашка Мала и Св. Георгија- Горна Влашка Мала.  Литијата кон градското пристаниште ќе се упати во 9:45 часот. Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде положен во 10:00 часот од градското пристаниште, а чинот на полагањето ќе го изврши Митрополитот тетовско –гостиварски  Јосиф.

- Advertisement -
Ad image

 Во сите парохиски цркви во Охрид веќе е започнато пријавувањето на капачите кои сакаат да бидат дел од настанот. До сега покрај  охриѓани, своето учество го пријавиле и голем број верници од други градови на Македонија.

Истиот ден во 12 часот на месноста Сараиште ќе биде организирано групно крштевање во Охридското Езеро. И годинава  во организација на Црвен Крст ќе се одржи традиционалната крводарителска акција.

Како дел од подготвителните активности  и логистиката на настанот во  недела на 12-ти јануари и покрај најавените снежни врнежи  охридските нуркачи ќе спроведат чистење на дното од Охридското Езеро, на просторот каде ќе се одржува фрлањето на Светиот крст. Исто така, предвидени се и низа активности за уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на Охридското Езеро, соодветно украсување на градот со зеленило и верски знамиња, како и низа значајни активности кои се поврзани со безбедноста на капачите и посетителите.

Прославата за Водици во Охрид, продолжуваат на 20-ти јануари со уникатната манифесатција Денот на рибарите во чест на празникот Свети Јован Крстител.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation