Премиерлигашот Евертон денес објави за оставката на тренерот Шон Дајч

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерлигашот Евертон денес објави за оставката на тренерот Шон Дајч. Заедно со него клубот го напушти и неговиот стручен штаб.

Лејтон Бејнс, кој раководеше со тимот на „Карамелите“ до 18 години, е назначен за привремен главен тренер.

„Процесот за назначување нов менаџер е веќе во тек и за тоа ќе ве информираме во догледно време“, се вели во соопштението на клубот.

Педесет и тригодишниот Дајч е на чело на Евертон од јануари 2023 година. За тоа време, клубот од Ливерпул одигра 83 натпревари, забележа 26 победи, 24 нерешени и 33 порази.

Share This Article