Џесика Алба (43) и нејзиниот сопруг Кеш Ворен (45) наводно се разведуваат по 16 години брак, дознава американскиот портал ТМЗ. Двојката се запозна во 2004 година во Ванкувер, на снимањето на филмот „Фантастичната четворка“ (Fantastic Four).
Алба играше една од главните улоги, додека Ворен работеше како помошник режисер. Тие се венчаа на 20 мај 2008 година и имаат три деца: ќерките Хонор (16) и Хевен (13), како и синот Хејс (7).
Медиумските претставници на двојката сè уште не ги коментирале овие наводи.
Двојката неодамна го прослави седмиот роденден на својот син Хејс, а Алба сподели мистериозна новогодишна порака на Инстаграм, во која изјави дека 2024 година е исполнета со „поврзување, раст, авантура, смеа, мир, сестринство, трансформација, повторно раѓање, со радост и љубов.“
Во интервјуто за магазинот „Пипл“ во септември 2021 година, Алба зборуваше за својата деловна империја, родителството и за бракот со Ворен.
Таа истакна како тие работеле заедно на приоритетите и потребите за одржување на својот однос.
„Ни требаа различни работи во различно време. Кога ги добивме децата, мене ми беше важно еднаш неделно да имаме „ноќ за нас“, додека нему му беше важно јас да бидам присутна за викендите и да не работам“, рекла тогаш Алба.
„Разговараме многу и ги решаваме работите пред да ескалираат.
Во 2021 година, Џесика искрено зборуваше за балансирање меѓу родителството и бракот во разговор во серијата на Инстаграм на Кетрин Шварценегер Прат, „Пред, за време и по бебето“.
Алба беше „фатена“ од папараците во Рим кон крајот на 2024 година во друштво на италијанскиот филмски продуцент Андреа Лерволино. Интересно е тоа што Џесика била без бурмата, што веднаш предизвика шпекулации за можен развод. Таа е фотографирана во луксузниот ресторан „Болоњезе“ додека вечерала со него, а во таа прилика делувале многу блиски.
Двајцата уживале во опуштен разговор и смееле во текот на вечерата. Потоа влегле во неговото бело ауди и заедно заминале.