Шок сцена од Лос Анџелес, луксузни автомобили насекаде, сопствениците ги оставиле на патот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

За само неколку часа шумскиот пожар во Лос Анџелес се зголеми од 20 хектари на 770 хектари. Надлежните служби издадоа наредба за евакуација на целата луксузна населба.

На социјалните мрежи беа објавени фотографии и видеа од страотниот пожар, а се гледаат како горат куќи и автомобили.

Дел од жителите на луксузната населба одбиле да ги напуштат своите домови, а други оставиле сѐ и заминале, поради што многу луксузни автомобили останале на улиците блокирајќи им го патот на пожарникарите до пожарот.

Биле ангажирани и булдожери за отстранување на бројни автомобили.

Шумскиот пожар, кој брзо се шири, избувна во вторник во предградие на Лос Анџелес, каде изгореа луксузни вили, а граѓаните беа евакуирани.

Еден од клучните автопати е затворен, а погодената област и голем дел од Лос Анџелес се покриени со густ чад.

Околу 30.000 жители се под наредба за евакуација, а повеќе од 13.000 структури се загрозени, изјави шефицата на противпожарната служба во Лос Анџелес, Кристин Кроули.

Таа рече дека засега нема повредени.

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом рече дека „многу структури веќе се уништени“. Сепак, не се знае колку. Њусом прогласи вонредна состојба.

- Advertisement -
Ad image

Актерот Стив Гутенберг – ѕвезда на комедијата „Полициска академија“ од 1984 година – за локалните медиуми изјави дека се обидувал да им помогне на пријателите од погодената област да се евакуираат, но патиштата биле блокирани.

Келси Трејнор, жителка на погодената област, рече дека единствениот пат што води надвор од нејзиното соседство е блокиран и дека огнот гори од двете страни.

„Пожарот се проширил од едната до другата страна на патот. Луѓето излегуваа од своите автомобили со бебиња, кучиња и чанти, плачејќи и врескајќи. Патот е блокиран“, рече Трејнор.

- Advertisement -
Ad image

Во овој период од годината, областа доживува ветер познат како Санта Ана, за кој синоптичарите велат дека може да се претвори во најлошата бура во последната деценија.

Во делови од Лос Анџелес и Вентура се очекуваат удари на ветрови до 100 милји на час, поради што се стравува дека повеќе луѓе ќе мора да се евакуираат.

Највисокото предупредување за пожар се очекува да остане на сила до четврток навечер.

Градоначалничката на Лос Анџелес Карен Бас на социјалните мрежи напиша дека пожарникарите биле однапред распоредени и „агресивно“ се борат со пожарот.

„Жителите во областа се повикуваат да ги почитуваат предупредувањата за евакуација и да ги слушаат упатствата на службениците за јавна безбедност“, напиша Бас.

 

 

Share This Article