Нова смртоносна панедмија или непотребна паника?

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во последните недели, Кина се соочува со зголемен број на случаи на респираторниот вирус, наречен ХМПВ (Human Metapneumovirus), а и во Грција беше регистриран првиот случај. Овој вирус, кој предизвикува симптоми слични на грип или на настинка, ја загрижи јавноста. Извештаите за пораст на случаи на респираторниот вирус во Кина потсетуваат на темните времиња и на почетокот на пандемијата „Ковид-19“ пред речиси 5 години, која, исто така, почна од Кина.

Но, колку всушност знаеме за овој вирус и дали постои причина за паника?

И покрај површинските сличности, оваа ситуација е многу поинаква и е многу помалку загрижувачка, велат медицинските експерти, пренесува Њујорк тајмс.

Случаите во Кина се пријавени како инфекции со хуман метапневмовирус, познат на лекарите како ХМПВ.

Што е ХМПВ?

ХМПВ е релативно нов вирус, првпат идентификуван во 2001 година. Тој се пренесува на сличен начин како и грипниот вирус – преку воздушни капки при кашлање, при кивање или преку контакт со контаминирани површини.

ХМПВ е еден од неколкуте патогени кои циркулираат низ светот секоја година и предизвикуваат респираторни заболувања. ХМПВ е вообичаен вирус, толку чест што повеќето луѓе ќе бидат заразени додека сѐ уште се деца и може да доживеат неколку инфекции во нивниот живот.

Во земјите со месеци со студено време, ХМПВ може да биде сезонски вирус, слично како грипот, додека, пак, на места, кои се поблиску до Екваторот, е поредок во текот на целата година.

Кои се симптомите на ХМПВ?

ХМПВ е сличен на вирус кој е познат како респираторен синцицијален вирус или R.S.V. Предизвикува симптоми, слични на оние поврзани со грип, вклучувајќи кашлица, треска, назална конгестија и отежнато дишење.

- Advertisement -
Ad image

Повеќето ХМПВ инфекции се благи и наликуваат на напади на обична настинка. Но, тешките случаи може да резултираат со бронхитис или пневмонија, особено кај доенчиња, постари возрасни и кај имунокомпромитирани луѓе. Пациентите, со веќе постоечки заболувања на белите дробови, како што се астма, хронична опструктивна белодробна болест или емфизем, се изложени на поголем ризик од тешки исходи, нешто што важи и за инфекциите со повеќето вируси на грип, па понекогаш и на настинка.

Во земјите со повисоки приходи, вирусот ретко е фатален; во земјите со пониски приходи, со слаби здравствени системи и со слаб медицински надзор, смртните случаи се почести.

Што треба да направиме за да се заштитиме?

Иако сè уште нема специфична вакцина против ХМПВ, постојат неколку мерки кои можеме да ги преземеме за да се заштитиме и да го спречиме ширењето на вирусот:

- Advertisement -
Ad image
  • Често миење на рацете: Ова е најважната мерка за превенција на сите видови инфекции.
  • Покривање на устата и на носот при кашлање или при кивање: Ова ќе го спречи ширењето на вирусот.
  • Избегнување места со многу луѓе: Во периодите на зголемена активност на вирусот, подобро е да се избегнуваат места каде што има многу луѓе.
  • Вакцинација против сезонски грип: Иако не штити директно од ХМПВ, вакцината против грип може да помогне во намалување на сериозноста на симптомите и компликациите доколку некој се разболи и од сезонскиот грип и од ХМПВ, претходно или потоа.

Иако зголемениот број случаи на ХМПВ во Кина предизвикува загриженост, важно е да се напомене дека овој вирус не е нов и дека постојат ефективни мерки за превенција. Повеќето луѓе ќе прележат инфекција со ХМПВ со благи симптоми, но ризичните групи треба да бидат особено внимателни и да се консултираат со лекар доколку се појават симптоми.

Share This Article