Шокантни обвинувања за основачот на ChatGPT, тој ги негира

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ен Алтман, сестра на извршниот директор на „OpenAI“, Сем Алтман, поднесе тужба против својот брат, обвинувајќи го за долгогодишно сексуално злоставување што, според неа, траело од 1997 до 2006 година.

Тужбата е поднесена на 6 јануари во Окружниот суд за источниот округ Мисури. Ен тврди дека злоупотребата започнала кога имала само три години, а Сем бил дванаесетгодишен, пренесува Би-Би-Си.

Во соопштение објавено на платформата „X“, Сем Алтман, заедно со неговата мајка и браќата, категорично ги негира обвинувањата, опишувајќи ги како „целосно невистинити“.

„Грижата за член на семејството кој се соочува со ментални предизвици е исклучително тешка“, се наведува во нивното соопштение, додавајќи дека „оваа ситуација предизвикува огромна болка кај целото наше семејство“.

 

Во тужбата, која беше прегледана од Би-Би-Си, Ен Алтман тврди дека злоупотребата вклучувала силување и други облици на насилство, кои, како што наведува, траеле повеќе години. Последниот случај на наводна злоупотреба, според неа, се случил кога Сем Алтман бил полнолетен, а таа сè уште малолетна.

Ен бара судење пред порота и парична отштета поголема од 75.000 американски долари. Ова не е првпат таа да упатува слични обвинувања; во минатото, тие беа изнесени и преку социјалните мрежи, особено на платформата X.

Сем Алтман, еден од најпознатите лидери во светот на технологијата, стекна глобална слава кон крајот на 2022 година со лансирањето на „ChatGPT“, револуционерен чет-бот базиран на вештачка интелигенција, кој го разви неговата компанија „OpenAI“.

Share This Article