Загадувањето на воздухт во Струмица по втор пат годинава го надмина опасното ниво, па Министерството за животна средина и просторно планирање „го вклучи алармот“ за овој град.
„Министерството информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри е надминат на мерното место Струмица. Прагот на алармирање е надминат кога во два поседователни дена среднидневната вредност на ситните естики ПМ10 ја надминува вредноста од 150 микрограми на кубен метар воздух,“ информира Министерството за животна средина.
На 6 јануари среднодневната вредност на ПМ10 ви Струмица изнесуваше 175 мцг/м3, а на 7 јануари 191 мцг/м3.
Граничната вредност на ПМ10 за заштита на човековото здравје изнесува 50 мцг/м3.
Од Министерствот информираат дека согласно со настанатата состојба, за Струмица важат повеќе мерки.
„Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола и на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и со елаборати.
Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци.
Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрираните возила. Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата“, се вели во соопштението од Минитсерството.
Оттаму додаваат дека е забрането грење на каков било материјал наотворен простор.
„Им се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.
Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот. Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено“, се вели во соопштението на надлежното министерство.