За холивудскиот актер Хју Џекмен (56) веќе извесно време се зборува дека ужива во љубовта со актерката Сатон Фостер (49), но сега за првпат стана официјално дека се заедно.
Папараците ги фотографираа како одат на вечера, држејќи се за рака.
Оваа вест ексклузивно ја пренесе „Пипл“.
Извор за „Пејџ сикс“ изјавил: „Тие се 100 отсто заедно и заљубени се. Сакаат да го поминат остатокот од животот заедно. Дават сè од себе да го сокријат тоа, но тоа е општо познато“.
Инаку, се шпекулираше и дека Хју се развел од претходната сопруга поради Сатон, поточно поради аферата која ја имале.
Џекмен во септември 2023 година објави дека тој и неговата сопруга Дебора Ли Фарнер, со која беше во брак 27 години, се разведуваат. Една година подоцна, и Фостер поднесе барање за развод од сопругот Тед Грифин со кого беше во брак една деценија.