Background

Бројот на загинати во земјотресот што денеска го погоди Тибет достигна 126, а повредените се 188

Бројот на загинати во земјотресот што денеска го погоди Тибет достигна 126, а повредените се 188, јавија светските агенции.

Силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала во оддалечена и ретко населена област уништи стотици куќи и преполни улици со урнатини. Се верува дека многу луѓе се уште се заробени под уништените згради.

Американскиот геофизички институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,1 степен и се случил во 9:05 часот по локално време (1:05 ​​часот по Гринич) на длабочина од околу 10 километри во регионот Тингри на Тибет, кој се наоѓа во близина на Монт Еверест.

- Advertisement -
Ad image

Ова е областа каде што се судираат индиските и евроазиските тектонски плочи, предизвикувајќи земјотреси доволно силни за да ја сменат висината на некои од највисоките врвови во светот на Хималаите.

По првичниот земјотрес, денеска во оваа област беа регистрирани повеќе од 150 последователни потреси, од кои десет беа со јачина поголема од 6 степени, објави Американскиот геофизички институт.

Кинескиот лидер Си Џинпинг повика да се вложат сите напори за спасување на луѓето, минимизирање на штетите и брзо сместување на луѓето, чии домови се уништени. Повеќе од 3.000 спасувачи се испратени во регионот погоден од катастрофата, објави Кинеската централна телевизија.

Околу 6.900 луѓе живеат во три града и 27 села лоцирани во радиус до 20 километри од епицентарот, објави и кинеската телевизија.

Земјотресот го почувствувале и жителите во североисточните региони на Непал, но засега нема информации за жртви или материјална штета.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation