Илјадници православни верници во Бугарија денеска пливаа по крстот во студени реки и езера по повод празнувањето на Богојавление Водици.
Се верува дека оној што ќе го земе дрвениот крст ќе биде „ослободен од злите духови“ и здрав во текот на целата година.
Во градот Елин Пелин, источно од главниот град Софија, десетици мажи скокнаа во Лесновска река за да пливаат за крстот.
Врв на прославата беше „мажко хоро“ – машко оро на учесници во традиционални бели кошули.
Свештениците на Бугарската православна црква се молеа за благосостојба на народот и ја благословија војската.
Богојавление го означува крајот на 12-те дена Божиќ, но не сите православни цркви го слават истиот ден.