Background

Бадник прославен пред Соборниот храм

Верскиот празник „Бадник“, ден пред Христовото раѓање, Божиќ, беше одбележан денеска во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Традиционалниот настан започна со химна и подигнување на бадникарско знаме. Свештени лица извршија осветување на бадникови гранчиња, но и на кумовата погача, што подоцна беше поделена помеѓу присутните. Беше примопредаден и бадникарскиот ќуп.

Пред присутните се обратија минатогодишниот бадникарски кум Божидар Јанковски, новиот кум Радомир Макеларски и здравичарот меѓу бадникарите, Атанас Петров, како и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

– Живееме во времиња на бурна демократија. Да се потрудиме на новите генерации да им овозможиме подобра иднина. А вие, избраните претставници од народот, во општините и Градот, потрудете се да го направиме ова наше Скопје уште поубаво и посреќно место на живеење – порача Петров.

- Advertisement -
Ad image

Градоначалникот Герасимовски рече дека празниците зближуваат и посака убави празнични денови со спокој, љубов и благосостојба.

– Да се обединиме, да правиме добри дела и да сме солидарни со оние, на кои сме им потребни. Да ја чуваме традицијата што обединува и да ја пренесуваме на идните генерации – истакна Герасимовски.

Во своето обраќање, Макеларски рече дека бадникарскиот ќуп е голем трофеј за него и неговото семејство, ќупот не се купува, но, не се ни продава.

– Од ова место, сакам на сите, без разлика на вера и националност, да им порачам, да се сплотиме сите заедно, да живееме во слога и мир – нагласи новиот бадникарски кум.

Кумот традиционално доаѓа и си оди со зурли и тапани, со пајтон, со што, како што беше кажано, се почитува пајтонот како заштитен знак на старо Скопје. 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation