Администрацијата на американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, планира да воведе дополнителни санкции кон Русија поради нејзината војна со Украина. Санкциите ќе бидат за танкерите кои превезуваат руска сурова нафта за повеќе од од 60 долари за барел, горната граница на цената на Запад, изјавија два извори запознаени со ова прашање.
Се верува дека рускиот лидер Владимир Путин има флота од стотици бродови со кои ги заобиколува санкциите. Од почетокот на војната во 2022 година десетици бродови веќе беа санкционирани, јави Ројтерс.
На 20 јануари во Белата куќа ќе биде инаугуриран новоизбраниот претседател Доналд Трамп и не е јасно каков пристап тој ќе има кон санкциите за Москва.
Во меѓувреме Русија пренасочи дел од продажбата на сурова нафта кон Кина и Индија кои ја купуваат нафтата со попуст.
Исто така, администрацијата на Бајден планира да ги олесни ограничувањата за хуманитарната помош за Сирија, забрзувајќи ја испораката на основните резерви без укинување на санкциите кои ја ограничуваат другата помош за новата влада во Дамаск.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
