Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 23-годишно лице, бидејќи постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години, кривично дело казниво според член 188 став 5 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 2 јануари во вечерните часови, го запрел 11-годишното дете и на сила го одвлекол во објект во изградба во близина на неговиот дом во Желино, па започнал пред него да врши други полови дејствија.
Детето повикало за помош, но осомничениот не му дозволувал да замине, се додека повиците не ги слушнал таткото на детето и му се спротивставил, по што осомничениот се дал во бегство.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Судот го прифати предлогот на обвинителството и донесе Решение со кое му определи притвор во траење од 30 дена.
Tagged as:
Основното јавно обвинителство Тетово Притвор за 23 годишник
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
