Вчера полцискиот билтен регистира две несреќи каде биле прегазени пешаци во Прилеп и во Гостивар. И во двата случаи пешаците се здобиле со тешки повреди при што морале да бидат пренесени во болница.
Првиот случај е од Прилеп каде вчера во 08.16 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Александар Македонски“ со ул.„Републиканска“ во Прилеп, патничко возило „опел мерива“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(59) удрило во Т.Ч.(72), двајцата од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Ч., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Вториот случај е од Гостивар каде во 10.30 часотво СВР Гостивар било пријавено дека во с.Жировница, општина Маврово и Ростуше, патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Е.А.(49) удрило во пешак Ш.А.(78), двајцата од с.Жировница.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Tagged as:
Две лица со тешки повреди се пренесени во болница
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
