Во Црна Гора од денеска се прогласена тридневна жалост по масовното убиство во Цетиње во кое загинаа 12 лица, меѓу кои и две деца, а четири лица  се ранети

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Црна Гора од денеска се прогласена тридневна жалост по масовното убиство во Цетиње во кое загинаа 12 лица, меѓу кои и две деца, а четири лица  се ранети. Напаѓачот, кој бил во роднинска врска со жртвите, се обидел да се самоубие кога го пронашла полицијата, по што подлегнал на повредите на пат кон болница. Ранетите се згрижени во Клиничкиот центар во Подгорица.

Тројца од четворицата повредени утрово се со стабилни витални параметри, но нивните животи се во опасност, соопшти црногорскиот министер за здравство Воислав Шимун.

Тој додаде дека операцијата на еден пациент е завршена доцна во ноќта и дека лекарите ја продолжуваат потребната обработка за да се постигне најдобар исход.

Обвинителот, како што пишуваат медиумите, истражувал 6 локации, од кои 5 биле на убиствата и местото каде што осомничениот се застрела. На две локации убил четири лица, на третата две деца, а на останатите две едно лице.

Директорот на полициската управа, Лазар Шќепановиќ, на прес-конференцијата објасни како се случило злосторството, велејќи дека убиецот Ацо Мартиновиќ, откако убил четири лица, продолжил со крвавото расфрлање на уште три локации.

– Ова е опасна личност, несовесна и брутална – рече Шќепановиќ.

Тој додаде дека поширокото семејство на Мартиновиќ ѝ помогнало на полицијата во пронаоѓање на осомничениот.

– Рекоа дека имал одредени отстапувања во однесувањето и комуникацијата. Сите загинати биле негови кумови, пријатели и познаници со кои поминувал најмногу време. Мотивот на овој чин уште не е познат – изјави Шќепановиќ.

Масакрот Мартиновиќ го започнал во ресторан во Велестово во близина на Спортскиот центар каде што имал инцидент со друг гостин. По расправијата отишол дома да земе пиштол, се вратил во кафеаната и таму убил четири лица.

- Advertisement -
Ad image

Според информациите на медиумите Мартиновиќ имал свој сервис за боење возила, веќе ѝ бил познат на полицијата. Пред две години бил уапсен поради поседување оружје и закани. Не се знае дали и на каква казна тогаш бил осуден. Во 2005 година бил осуден за насилничко однесување.  Полицијата соопшти и дека  во 2022 година биле преземени одредени мерки против него, меѓу кои и претрес, при што била пронајдена воздушна пушка, друго оружје и експлозиви. Мартиновиќ првостепено бил осуден на три месеци затвор, но пресудата не станала правосилна.

Share This Article