Background

927 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА БАЛСКА СОБА, ПЛОШТАД, ХЕЛИОДРОМ ВО БЕЛАТА КУЌА

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира градежни проекти во комплексот на Белата куќа во вредност од најмалку 927 милиони долари, при што се очекува најголемиот дел од парите да бидат обезбедени од даночните обврзници, објави „Вашингтон пост“.

Според весникот, администрацијата има обезбедено средства преку трансфери од федерални агенции и од приватни донации, наместо да бара директно одобрение за финансирање од Конгресот. Парите биле пренасочени во сметката на Извршната резиденција на Белата куќа наменета за поправки и за реставрација, за проекти кои администрацијата ги опишува како „проекти за модернизација“.

Во извештајот се наведува дека планираните зафати вклучуваат изградба на балска сала во Источното крило, уредување на плоштадот Лафајет, изградба на хелиодром, нов центар за безбедносна проверка на посетителите и други подобрувања, со што проценетата вкупна цена достигнува најмалку 927 милиони долари.

- Advertisement -
Ad image

Овие планови се објавени откако федералниот апелациски суд во петокот пресуди дека за проектот за изградба на балската сала во Источното крило е потребно одобрение од Конгресот.

„Конгресот има исклучиво овластување да ја регулира изградбата и уривањето на објектите на Белата куќа“, наведоа судиите Патриша А. Милет и Бредли Н. Гарсија во пресудата.

Претседателот Доналд Трамп изјави дека ќе поднесе жалба на оваа одлука.

Белата куќа не ги објави вкупните трошоци за планираните градежни работи, ниту деталните извори на најголемиот дел од финансирањето. Сепак, портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, истакна дека проектите се реализираат на „начин во согласност со намерата на Конгресот“.

– Претседателот Трамп продолжува да спроведува одамна потребни и неопходни реновирања за разубавување на Народниот дом – рече Ингл, додавајќи дека Белата куќа „ќе биде соодветно величествена и ќе остане во одлична состојба за идните генерации“.

Според весникот, Конгресот традиционално одобрува средства за големи градежни проекти во Белата куќа. Буџетските податоци на кои се повикува „Вашингтон пост“ покажуваат дека администрацијата насочила 875 милиони долари во сметката за одржување на Извршната резиденција откако Трамп ја презеде функцијата, во споредба со годишните одобрени средства од 2,5 милиони долари во последните години. Весникот исто така објави дека администрацијата ги насочила договорите преку Извршната резиденција, канцеларија која не подлежи на истите барања за јавно објавување податоци како повеќето федерални агенции.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation