Background

72 ДЕВОЈКИ ПОЧНАА ДОБРОВОЛНО ДА СЛУЖАТ ВОЕН РОК ВО ГРЦИЈА

Со 72 девојки кои вчера пристигнаа во Центарот за обука на регрути во грчкиот град Ламија и официјално започна доброволното служење воен рок за жени во Грција, во траење од 12 месеци, јави дописничката на МИА од Атина.

Можноста и жените да служат воен рок ја соопшти министерот за одбрана Никос Дендиас на крајот на октомври минатата година, а следеше и кампања на Генералштабот на копнената војска на Грција со видео на социјалните мрежи во вид на „покана за доброволно служење војска“.

Според грчките медиуми, биле пријавени вкупно 140 кандидатки, што било оценето како позитивен одѕив.

- Advertisement -
Ad image

Началникот на Генералштабот на копнената војска, генерал-потполковник Георгиос Костидис, вчера го посети Центарот за обука на регрути во Ламија (КЕН Ламија), каде што беше информиран за процесот на прием и распоредување на грчките доброволки, на кои им упати краток поздравен говор.

Дел од доброволките, за државната телевизија ЕРТ посочиле дека се среќни и возбудени, а за некои, токму војската е нивниот сон.

– Ова е нешто што го посакував уште од мала. Војската отсекогаш ме интересираше и имав изразено интерес да станам и професионален војник – посочила една од девојките.

Потпоручничката и инструкторка Анастасиа Елени Каратасу за ЕРТ објасни дека доброволките Центарот за обука во Ламија ќе останат десет седмици, по завршувањето на основната воен обука, ќе бидат упатени во специјални центри за обука, а потоа ќе бидат распоредени во своите единици за завршната фаза на обуката, која се однесува на оперативни задачи.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис утрово на Инстаграм, со фотографии со пораката дека „Воениот рок, веќе се однесува и на двата пола“, коментираше дека „вчера беше историски ден, првиот ден од доброволното регрутирање на жени во земјата“.

За служење воен рок во силите на копнената војска, можат да се пријават жени на возраст меѓу 20 и 26 години.

Воениот рок трае 12 месеци, на жените им нуди значајни професионални и службени придобивки.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation