Повеќе од 5.600 лица се лишени од слобода, поднесени се 1.135 кривични пријави, а полицијата извршила 1.158 претреси на домови и други простории во рамки на оперативната акција „Чистач“, која Министерството за внатрешни работи ја спроведува на целата територија на државата од септември 2024 година.
Акцијата е насочена кон откривање и сузбивање на насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и прекуграничниот криминал, како и кон детектирање и расветлување на состојби и општествено девијантни појави.
Од почетокот на акцијата до денес, полициските службеници провериле и го утврдиле идентитетот на 74.229 лица. Извршени се и 158.955 прегледи на лица, возила и багаж.
Во рамки на преземените мерки, од слобода биле лишени вкупно 5.628 лица, извршени биле 1.158 претреси на домови и други простории, а биле поднесени 1.135 кривични пријави.
Од вкупниот број кривични пријави, 88 се однесуваат на кривични дела од областа на насилниот криминал, додека дури 1.047 пријави се поврзани со недозволена трговија со дрога.
Во текот на акцијата полицијата запленила значителни количества различни видови наркотични дроги, меѓу кои марихуана, кокаин, амфетамин, хероин, хашиш и таблети МДМА.
При претресите и полициските акции биле пронајдени и запленети оружје, парични средства, повеќе патнички моторни возила и мобилни телефони.
За дел од осомничените, согласно законските процедури и одлуките на надлежните органи, биле определени мерки притвор, а во дел од случаите биле изречени и затворски казни.
Акцијата опфатила и сузбивање на меѓународни канали за недозволена трговија со наркотични дроги. Полицијата спречила повеќе такви канали, особено на граничните премини Табановце, Деве Баир и Стар Дојран.
Од МВР оценуваат дека реализираните активности и резултатите од оперативната акција „Чистач“ покажуваат унапредување на ефикасноста и ефективноста на откривачката дејност на полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи и регионални центри за гранични работи.
Акцијата продолжува и во наредниот период. МВР најавува координирани мерки и активности, акциски денови и засилени контроли на целата територија на државата, со цел навремено откривање, спречување и сузбивање на криминалните активности поврзани со насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и прекуграничниот криминал.
Tagged as:
5.628 ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО ОПЕРАЦИЈАТА „ЧИСТАЧ“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
