Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 42-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 42–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 29.01.2025 година (среда) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца. За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Годишна Програма за еднакви можности меѓу жените и мажите на општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Одлука за одобрување средства од буџетот на општина Дебрца за кофинансирање на подпроект : „Реконструкција на општинска зграда на општина Дебрца“
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Решението за утврдување на тарифа за собирање на урбани отпадни води на ЈПКД Дебрца за регулиран период 2025-2027 година од Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад на РСМ (УП1 бр. 08-569/24 од 05.12.2024), и донесување на предлог тарифи – цени за собирање на урбани отпадни води за домаќинства и останати (правни лица)
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Решението за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈПКД Дебрца за регулиран период 2025-2027 година од Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад на РСМ (УП1 бр. 08-568/24 од 05.12.2024), и донесување на предлог тарифи –цени за снадбување со вода за пиење или водоснабдување за домаќинства и останати (правни лица)
- Предлог – Одлука за давање согласност на Кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за период од 01.04.2024 година – 30.06.2024 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на Кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за период од 01.07.2024 година – 30.09.2024 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на Годишната програма за работа и развој за 2025 година на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – Белчишта
- Предлог – Одлука за давање согласност на Инвестициона програма на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ за 2025 година
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседавач,
Крсте Јорданоски