Background

АНЕТА ЃОРГИЕВ: ЖЕНАТА ШТО ГО ОПЛОДУВА КАПИТАЛОТ НА БЕГАЛЕЦОТ , КАКО ПАРИТЕ НА ВАСКО КОВАЧЕВСКИ СЕ ВРТАТ НИЗ МАКЕДОНСКИОТ ФИНАНСИСКИ СИСТЕМ ДОДЕКА ТОЈ УЖИВА ВО СТРАНСТВО

Мрежата на Анета Ѓоргиев: од акционер на Стопанска Банка Битола до потенцијален купувач на ЗОИЛ , нејзините врски со бегалецот Васко Ковачевски, средбата со Мацура и Андреја Вучиќ, и прашањето за позајмиците со камати

Редакција на OhridSky  |  Истражувачки тим  |  20 Април 2026

Кога АЛТА Банка АД Белград ја купи осигурителната компанија ЗОИЛ Македонија АД Битола за 1,7 милиони евра, медиумите ја пренесоа вестата без посебно испитување. OhridSky го постави прашањето кое никој друг не го постави: Каква е врската помеѓу Анета Ѓоргиев , акционер во Стопанска Банка Битола, член на одборот на ЗК Пелагонија, управителка на повеќе битолски фирми  и лицата кои стојат зад оваа брза финансиска трансакција? Зошто нејзиното име се појавуваше токму кога ЗОИЛ беше на продажба? И кој всушност го оплодува капиталот на бегалецот Васко Ковачевски додека тој ужива во странство под меѓународна потерница?

1. КОЈ ЈА ОСНОВА ЗОИЛ  И КОЈ СТОЕШЕ ВО СЕНКА?

- Advertisement -
Ad image

Компанијата ЗОИЛ БТИТОЛА е основана во октомври 2023 година со домашен капитал. Нејзини вистински основачи и сопственици на акции се лица од битолскиот бизнис свет , двајца Битолчани кои во локалните средини се познати под прекари „Шеикот” и „Трапајот”. Токму тие беа носители на 60.000 акции кои потоа беа предмет на блок-трансакцијата.

Меѓутоа, она што OhridSky го утврди е дека Анета Ѓоргиев, во текот на неколку месеци пред финализирањето на продажбата, вршела длабинска анализа (due diligence) на ЗОИЛ Македонија. Таа, заедно со уште две лица од битолскиот бизнис свет, се јавувала меѓу потенцијалните купувачи на компанијата. По нејзиното повлекување, набргу на сцена стапи АЛТА Банка. Прашањето кое мора да биде поставено: дали постои врска помеѓу нејзиното длабинско истражување на ЗОИЛ и последователниот влез на АЛТА? Дали информациите добиени во текот на due diligence биле споделени , директно или индиректно , со АЛТА Група?

Компанијата ЗОИЛ регистрирала загуба по оданочување од 24,8 милиони денари (над 400.000 EUR) во 2024 година при расходи кои пораснаа за над 3.000 проценти во однос на почетниот период. Сепак, АЛТА ја купи по цена сигнификантно повисока од пазарната. Зошто?

2. СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА: КАДЕ СЕ СРЕЌАВААТ ЃОРГИЕВ И АЛТА

Клучот за разбирање на целата слика е во Стопанска Банка АД Битола , стара македонска банка чии акции биле распределени меѓу голем број акционери, вклучувајќи го и битолскиот бизнис свет поврзан со ЗК Пелагонија.

Анета Ѓоргиев и Цветан Панделески биле акционери во Стопанска Банка Битола. Панделески е претседател на Одборот на директори на ЗК Пелагонија, а Ѓоргиев е неизвршен член на истиот одбор.

АЛТА Банка АД Белград во 2025 година ја лансираше јавната понуда за преземање на Стопанска Банка Битола по цена од 3.777 денари по акција. Трансакцијата беше финализирана до октомври 2025 со стекнување на 93,2571% од капиталот. На 12 декември 2025 банката официјално беше преименувана во АЛТА банка АД Битола. Меѓу помалите акционери на Стопанска Банка кои ги продадоа своите акции беа лица и компании поврзани со битолскиот бизнис и агро-сектор.

Со продажбата на акциите во Стопанска Банка Битола, лица поврзани со Пелагонија и битолскиот бизнис свет стекнаа ликвиден капитал. И токму во тој период , паралелно со продажбата на Стопанска Банка , се водеа преговорите за ЗОИЛ. Временската и финансиска поклопеност бара официјален одговор.

  OhridSky истражува: Дали средствата од продажбата на акции во Стопанска Банка Битола биле употребени , директно или индиректно , во понатамошни финансиски трансакции поврзани со ЗОИЛ или со АЛТА Група?

3. АНЕТА ЃОРГИЕВ: ЦЕЛОСНИОТ ПРОФИЛ — СИТЕ ФИРМИ, СИТЕ УЛОГИ

Тековните состојби извадени директно од Централниот Регистар на Република Северна Македонија (ЦРМ) на ден 20 Април 2026 ја документираат Анета Ѓоргиев во центарот на разгранета деловна мрежа. Еве ги сите нејзини позиции:

ФИРМА 1: ИНТЕР ДИГИТАЛ ЕНЕРЦИ ДООЕЛ Битола

ЕМБС: 7727763

Целосен назив: Друштво за производство, трговија и услуги ИНТЕР ДИГИТАЛ ЕНЕРЦИ ДООЕЛ увоз-извоз Битола

Датум на основање: 1.11.2023

Приоритетна дејност: 35.11 — Производство на електрична енергија (Васко КОвачевски)

ЕДБ: 4002023571975

Деловен статус: НЕАКТИВЕН-по бегството на Ковачевски

Тип на субјект: ДООЕЛ (друштво со ограничена одговорност основано од едно лице)

Паричен влог: 5.000,00 EUR

Улога на Ѓоргиев: Основач/сопственик + Управител со НЕОГРАНИЧЕНИ овластувања (УПРАВИТЕЛ, ВСС)

Адреса: Браќа Миладинови бр.63 Битола

Контакт: interdigitalmk@gmail.com

Напомена: Регистрирано без уплата/внесување влог согласно чл.175 од Законот за трговски друштва

ФИРМА 2: ИНТЕР ДИГИТАЛ ЛТД ДООЕЛ Битола

ЕМБС: 7426348

Целосен назив: Друштво за услуги, трговија и производство ИНТЕР ДИГИТАЛ ЛТД ДООЕЛ увоз-извоз Битола

Датум на основање: 7.5.2020

Приоритетна дејност: 73.120 — Огласување преку медиуми

ЕДБ: 4002020559990

Деловен статус: АКТИВЕН

Тип на субјект: ДООЕЛ

Непаричен влог: 5.000,00 EUR  |  Уплатен дел: 5.000,00 EUR  |  Вкупен влог: 5.000,00 EUR

Улога на Ѓоргиев: Основач/сопственик + Управител, ВСС — неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот промет

Адреса: Браќа Миладинови бр.63 Битола

Контакт: interdigitalmk@gmail.com

Регистрирани дејности во надворешно-трговскиот промет

 ФИРМА 3: 77 СОФТ ДОО Битола

ЕМБС: 7731680

Целосен назив: Друштво за производство, трговија и услуги 77 СОФТ увоз-извоз ДОО Битола

Датум на основање: 9.12.2023

Приоритетна дејност: 62.100 — Компјутерско програмирање

ЕДБ: 4002023572114

Деловен статус: АКТИВЕН

Тип на субјект: ДОО (друштво со ограничена одговорност)

Организациска форма: 05.3 — Друштво со ограничена одговорност

Паричен влог MKD: 307.500,00  |  Уплатен дел: 307.500,00

Улога на Ѓоргиев: СОДРУЖНИК (заедно со Дејан Војводиќ)

Паричен влог на Ѓоргиев: 153.750,00 MKD

Управител: Дејан Војводиќ (со ограничување — за правни работи над 1.500 EUR потребна согласност од 51%+ на содружниците)

Адреса: Булевар 1-ви Мај бр.344 Битола

Изработена на 19.4.2026 — електронски издаден документ, дигитално потпишан

ФИРМА 4: ЗК ПЕЛАГОНИЈА АД Битола (Одбор на директори)

ЕМБС: 4167414

Целосен назив: Земјоделски комбинат ПЕЛАГОНИЈА Акционерско друштво Битола

Датум на основање: 9.5.1997

Деловен статус: АКТИВЕН  |  Големина: ГОЛЕМ субјект

ЕДБ: 4002991112356

Вид: АД (Акционерско друштво)  |  Тип: 05.5

Вкупна основна главнина: 14.245.614,00 EUR

202.891 обични акции — номинална вредност: 70,213139 EUR по акција

Приоритетна дејност: 01.110 — Одгледување жита, освен ориз, мешункасти растенија и маслодајни семиња

Извршен директор: Весна Белешовска-Бунтеска (неограничени овластувања, Дипломиран економист)

Прокурист: Владимир Мишевски (поединечна прокура без ограничување, дипломиран машински инженер)

Улога на Ѓоргиев: НЕИЗВРШЕН ЧЛЕН НА ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ

Претседател на одбор: Цветан Панделески (Охрид, Economist)

Останати членови на одбор: Александар Георгиев, Јове Кекеновски (д-р на политички науки)

Подружници: Могила, Породин, Скопје (Булевар Кочо Рацин 97)

Поседува лиценца за обезбедување на лица и имот (МВР, 2011)

Резимирано: едно лице , четири различни позиции, во медиуми, енергетика, технологија и агробизнис. Паралелно, преку истите адреси и контакти, функционира мрежа чии финансиски текови заслужуваат истражување.

4. ПОЗАЈМИЦИ: КОГА ПРИВАТНИ ЛИЦА СТАНУВААТ ПАРА-БАНКИ

OhridSky утврди дека Анета Ѓоргиев пласира финансиски средства во форма на позајмици со камати кон други правни субјекти. Оваа практика , давање кредити на фирми од страна на физичко или поврзано правно лице, надвор од лиценцирана финансиска институција , го поставува прашањето: какво е потеклото на тие средства, дали за нив се плаќаат соодветни даноци, и дали оваа активност е пријавена пред Управата за јавни приходи?

Во услови кога Македонија хронично се соочува со проблемот на перење пари преку сиви финансиски канали, ваквата практика мора да биде предмет на официјална истрага. Прашањата кои произлегуваат се директни: Кои компании примиле позајмици? Колкави се каматните стапки? Дали постои даночна евиденција? Дали УЈП е информирана?

  OhridSky бара: УЈП и Финансиската полиција да направат ревизија на сите финансиски текови поврзани со правните субјекти во кои Анета Ѓоргиев е управителка или содружник, со посебен акцент на позајмиците и нивното потекло.(Охридскај веќе спроведува своја истрага ,за што ќе ја известиме јавноста)

5. СРЕДБАТА: КОВАЧЕВСКИ, МАЦУРА И АНДРЕЈА ВУЧИЌ

Пред да побегне од Македонија кон крајот на 2024 година, поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски , осомничен за злоупотреби проценети на повеќе од 170 милиони евра , одржал средба со Давор Мацура, краен сопственик на АЛТА Банка, и со Андреја Вучиќ, братот на српскиот претседател. На таа средба присуствувала и Анета Ѓоргиев која го придружувала Васко Ковачевски во Хајат.

АЛТА Група широко се позиционира во јавноста преку блискоста со кругот на Александар Вучиќ. Регионалните медиуми ја опишуваат АЛТА Група токму преку призмата на оваа политичка поврзаност. Трагата е јасна: Ковачевски — Ѓоргиев — АЛТА — Мацура — Андреја Вучиќ — Македонија.

МВР распишало меѓународна потерница за Ковачевски. Судијата на претходна постапка определил притвор. Ковачевски е осомничен во две одделни истраги: злоупотреба со јавни набавки во ЕСМ (6,5 милиони EUR) и набавка на мазут со проценета штета над 170 милиони EUR. Бил директор на ЕСМ во периодот кога СДСМ беше на власт, назначен на 17 јули 2019. Неговата локација , Австрија, Нов Зеланд, или некоја трета земја , останува официјално непотврдена.

Прашањето кое мора да добие одговор: Дали средствата остварени преку корупцијата во ЕСМ биле вложени во македонскиот финансиски систем преку посредници, а потоа ‘легализирани’ преку продажба на финансиски институции на странски купувачи и пласирање на сресдтва како позајмици со камати? И дали Анета Ѓоргиев свесно или несвесно служела како алка во таа синџирна структура?

6. АЛТА БАНКА И ДАВОР МАЦУРА: КУПУВАЧОТ ПОД ЛУПА

Давор Мацура, сопственик на Alta Pay Group и краен сопственик на АЛТА Банка АД Белград, не е без контроверзии. АЛТА Банка , основана во 1979 г., преименувана во 2020 г. по промена на сопственичката структура , брзо расте: нето добивката скокнало од 9,4 милиони EUR во 2023 на речиси 13 милиони EUR во 2024 година. Мацура е познат и по обидот за купување на дел од Addiko Bank AG, кој привлекол внимание на Европската централна банка (ЕЦБ) — конкретно поради загриженост за потеклото на средствата и внатрешните контроли на Alta Pay Group.

Во Македонија, АЛТА прво го купи поранешното банкарство на Орце Камчев и Цветан Панделевски и Анета Ѓеоргиев, Стопанска банка Битола , а потоа и ЗОИЛ. Ова е агресивна регионална стратегија за консолидација на финансискиот сектор. Меѓутоа, темпото на влез, изборот на цели и врските со домашни актери , кои сами се наоѓаат во сивата зона на деловното работење , бараат многу поголема транспарентност.

7. КОЈ ЈА КРОИ СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКАТА ФИНАНСИСКА ЕЛИТА?

Она што го открива ова истражување е системски образец. Во Македонија функционира тесна елитна мрежа во која истите лица , поврзани со поранешната политичка власт, агробизнисот, медиумите и финансискиот сектор , истовремено седат на раководни позиции во банки, осигурителни компании и акционерски друштва. Кога странски капитал влегува во тој систем, тој не влегува слепо , тој влегува преку посредници кои веќе ја познаваат структурата.

Надзорните тела , НБРМ, АСО, УЈП, Централниот регистар —,формално ги евидентираат овие врски. Но евиденцијата сама по себе не е контрола. Системот за проверка на потеклото на капиталот во Македонија очигледно не функционира со потребниот интензитет.

Додека Васко Ковачевски ужива во слободата на непознато место под меѓународна потерница, а АЛТА Банка си честита за успешна регионална експанзија, граѓаните на Македонија имаат право да знаат: чии пари ги изградија структурите кои денес ги менуваат рацете во македонскиот финансиски систем?

РЕЗИМЕ: АНЕТА ЃОРГИЕВ — СИТЕ ПОЗИЦИИ (ИЗВОР: ЦРМ, 20 АПРИЛ 2026)

  1. ИНТЕР ДИГИТАЛ ЕНЕРЦИ ДООЕЛ — Основач + Управител | НЕАКТИВНА | Енергетика | 5.000 EUR влог
  2. ИНТЕР ДИГИТАЛ ЛТД ДООЕЛ — Основач + Управител | АКТИВНА | Медиуми/огласување | 5.000 EUR влог
  3. 77 СОФТ ДОО — Содружник (50%) | АКТИВНА | IT/програмирање | 153.750 MKD влог
  4. ЗК ПЕЛАГОНИЈА АД — Неизвршен член на Одбор на директори | АКТИВНА | Агробизнис | Главнина 14,2 мил. EUR

+ Акционер во Стопанска Банка Битола (купена од АЛТА Банка во 2025)

+ Потенцијален купувач на ЗОИЛ Македонија (due diligence пред продажбата на АЛТА)

+ Присутна на средба со Васко Ковачевски, Давор Мацура и Андреја Вучиќ

  КЛУЧНИ ПРАШАЊА ЗА ИНСТИТУЦИИТЕ

▸  АСО: Дали е проверено потеклото на капиталот при основањето на ЗОИЛ Македонија?

▸  НБРМ: Дали е спроведена Due Diligence проверка на АЛТА Група пред преземањето на Стопанска Банка?

▸  УЈП / Финансиска полиција: Дали се даночно евидентирани позајмиците пласирани од Анета Ѓоргиев?

▸  ОЈО ГОКК: Дали постои врска меѓу финансиските текови поврзани со Ковачевски и компаниите на Анета Ѓоргиев?

▸  Македонска берза: Дали блок-трансакцијата за ЗОИЛ е анализирана за можни поврзани лица?

OhridSky продолжува да го следи случајот.
Следниот дел: Длабинска анализа на финансиските текови во ЗК Пелагонија и врската со ЗОИЛ и позајмиците на Анета Ѓеоргиев…

Текстот е заснован на јавно достапни документи, тековни состојби од ЦРМ (20.4.2026) и верифицирани медиумски извори. OhridSky не тврди правна вина пред правосилна судска пресуда.

Сашо Денесовски

Прилог -тековнси состојби издадени од ЦРМ:

 

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation