Десетици илјади луѓе денеска протестираат во Париз и во други француски градови, незадоволни од недоволното финансирање на образованието и наглиот пораст на трошоците за живот.
Полицијата употреби солзавец утрово во Лион, каде што властите го забранија протестот. Во Клермон-Феран, полицијата употреби солзавец и шок-бомби за да ги потисне демонстрантите кои се обидуваа да стигнат до центарот на градот, објавија француските медиуми.
Градската полиција во Париз извести дека на улиците се уште е мирно иако протестната поворка веќе е тргната.
Властите се обидоа да спречат повторување на немирите обележани со грабежи, палење автомобили и напади врз јавни згради. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез објави дека до 70.000 полицајци ќе бидат распоредени низ целата земја, поддржани од хеликоптери, оклопни возила и водни топови.
Воведени се строги безбедносни зони, сообраќајот во поголемиот дел од градот е во целосен колапс, а неколку метро станици се затворени. Полицијата е опремена со водни топови и солзавец, додека над градот постојано се слушаат полициски хеликоптери и беспилотни летала, кои го следат движењето на толпата.
Министерот Нуњез изјави дека полицијата уапсила 135 лица и конфискувала разно оружје како дел од протестите низ целата земја.
– Меѓу запленетите предмети имало метални топки, оловни куршуми, пиротехнички направи, прачки, челични топки и друго импровизирано оружје – рече министерот и додаде дека досега „немало поголеми инциденти“.
Пред денешниот нов бран масовни демонстрации на улиците на Париз, и меѓу сопствениците на ресторани и продавници владееше општа паника. Сопствениците на продавници, кафулиња и ресторани долж најавената рута на протестот брзо и во последен момент поставуваа дрвени штици и заштитни метални панели над своите прозорци. Стравот од ескалација на насилството и упад на вандали е сосема оправдан, затоа што на претходните протести деновиве беа демолирани и палени познати глобални синџири на продавници и банки.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
