Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја започна најавената посета на Москва каде што требаше да се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, но авионот со кој леташе мораше итно да слета во главниот град на Азербејџан, Баку, поради војната во Украина и дејствијата во воздушниот простор на Русија.
Авионот на претседателот не можел да влезе на руска територија поради безбедносни ризици, вклучувајќи ги ефектите за воздушна одбрана и можноста за пресретнување ан авионот во зоната на конфликт, објавуваат српските медиуми.
Со оглед на зголемената тензија и воените операции што моментално се одвиваат во Источна Европа, летот за Москва беше прогласен за небезбеден, а претседателската делегација беше запрена во Баку, главниот град на Азербејџан. Во моментов се чека дозвола за продолжување на летот кон главниот град на Русија.
Претходно Летонија и Литванија не дозволија прелет на авионот на српскиот претседател.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја започна оваа посета на Русија по покана да присуствува на прославата по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.
Централниот настан е воена парада на Црвениот плоштад во Москва, каде што се очекува присуство на блиски сојузници на Русија. Посетата се смета и за симболичен потег во контекст на геополитичките тензии и актуелната изолација на Москва од страна на Западот.