Времето утре во целата земја ќе биде променливо облачно во претпладневните часови, во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималните утрински температури ќе се движат од 2 во Маврово до 12 во Гевгелија, а максималните дневни од 15 во Маврово и во Берово и 22 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 9 до 21 степени.
В понеделник нѐ очекува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималните утрински температури ќе се движат од 3 степени до 11 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 16 степени до 2 степени.
Метеоролозите за во вторник најавуваат сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од 2 степени до 10 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 15 степени до 21 степени.