Во заедничка акција на полицијата и повеќе државни инспекциски служби, вчера на 22 март во Тетово и во Гостивар беа затворени три угостителски објекти

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во заедничка акција на полицијата и повеќе државни инспекциски служби, вчера на 22 март во Тетово и во Гостивар беа затворени три угостителски објекти, а кај други се утврдени сериозни неправилности, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР) преку соопштение.

Контролите биле насочени кон сузбивање на криминални активности како трговија со дрога, проституција, перење пари и коруптивни дејствија поврзани со работењето на угостителски субјекти.

„Во координираната акција што се одвиваше од 10 до 15 часот, учествуваа полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар, заедно со инспектори од Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат, Дирекцијата за заштита и спасување, како и од градежната и комуналната инспекција. Извршени беа контроли во вкупно 16 угостителски објекти – шест во Тетово и десет во Гостивар – при што се евидентирани низа прекршувања. Како резултат на утврдените неправилности, Државниот пазарен инспекторат затвори два објекти во Тетово и еден во Гостивар, а надлежните служби најавија поднесување соодветни пријави“, наведено е во соопштението.

Од институциите порачуваат дека ваквите акции ќе продолжат и во иднина, со цел воведување ред и почитување на законите во угостителскиот сектор.

Share This Article