Во наредниот период владата ќе презема меки кои ќе ддаваат долгорочни резултати за регулирање на цените, но нема да се откаже од краткорочните мерки за ублажуање на цените, ако е тоа потребно, информира денеска министерот за економија Бесар Дурмиши.
Тој оцени дека краткорочните мерки со намалување на маржите дадоа резултати и сега е потребно домашните производители да се поддржат со други мерки.
-Но, ако извештаите нна државнот пазарен инспектора покажат дека трговците енормно ги зголемат цените ќе се преземаат и краткорочни мерки – рече Дурмиши.
Тој објасни дека со новите мерки ќе се поттикнуваат граѓаните да купуваат домашни производи.
– Една таква мерка спроведуваат владата и Министерството за земјоделство. Со неа се поддржуваат домашните производители на земјоделски произоди. Значи ќе се поддржуваат домашните компании, а граѓаните ќе се поттикнуваат да купуваат домашни произвводи – рече Дурмиши.
Домашните производи, како што објасни, во маркетите ќе бидат посебно обележани со што ќе им се помогне на потрошувачите полесно да ги најдат.