Поранешниот амбасадор на САД во Србија, Кристофер Хил, во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека не очекува САД да интервенираат во решавањето на проблемите на Балканот, вклучително и спорот меѓу Белград и Приштина и нагласи дека Приштина мора да продолжи со формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО) и дека Белград има свои задачи.
Хил нагласи дека меѓусебното признавање не е на маса, туку дека тоа е нормализација, и дека верува дека „ЕУ излезе со прилично сериозен предлог во Охрид кој треба да се разгледа“, пренесува Танјуг.
– Мислам дека САД ќе се потрудат да им кажат на земјите на Балканот да почнат сами да ги решаваат своите проблеми. Мислам дека луѓето се малку уморни од тоа во време кога земјите доаѓаат кај нас или во некоја западноевропска земја жалејќи се од својот сосед. А главниот проблем, секако, е што во светот се случуваат и други работи. Веќе не живееме во 1990-тите. Живееме во сосема поинаква ера – вели Хил.