Што сѐ било тема на разговор во Ријад?

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Делегациите на САД и на Русија се согласија да се осврнат на иртитантите на нивните билатерални односи за да се преземат чекори, неопходни за нормализирање на работата на нивните соодветни дипломатски мисии, изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент, Тами Брус, по денешните разговори во Ријад, објави британски Гардијан.

Главниот советник за надворешна политика на Русија, Јуриј Ушаков, рече дека разговорите помеѓу САД и Русија „оделе добро“ и постоел „сериозен разговор за сите прашања“.

Тој додаде и дека двете страни се договориле преговарачите да разговараат за Украина и накратко разговарале за условите, потребни за самитот Путин-Трамп, иако тој истакна дека е малку е веројатно истиот да се одржи следната недела.

Советникот прецизираше дека има договор преговорите за запирање на војната во Украина да се водат преку посредници, но додаде дека Путин ќе одлучи кога да започнат контактите со САД за прашањата за Украина.

Двете страни се согласиле и да назначат тимови на високо ниво за разговорите во Украина, потенцираше Брус, „работејќи на пат кон завршување на конфликтот во Украина што е можно поскоро на начин кој е траен, одржлив и прифатлив за сите страни“.

– САД и Русија, исто така, ќе почнат да гледаат на идна соработка за прашања од заемен геополитички интерес и историски економски и инвестициски можности кои ќе произлезат од успешното завршување на конфликтот во Украина – изјави Брус.

„Претседателот Трамп сака да го запре убивањето; САД сакаат мир и ја користат својата сила во светот за да ги зближат земјите. Претседателот Трамп е единствениот лидер во светот кој може да ги натера Украина и Русија да се согласат на тоа. Страните на денешните состаноци ветуваат дека ќе останат ангажирани за да се погрижат процесот да се движи напред навремено и продуктивно“, се вели во соопштението, напишано од страна на претставниците на САД.

Но, во соопштението се истакнува дека „еден телефонски повик, проследен со една средба, не е доволен за воспоставување траен мир“, и затоа тоа е само почеток на процесот.

САД, исто така, ѝ се заблагодарија на Саудиска Арабија бидејќи беше домаќин на разговорите.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article