РУСИЈА НА ЗЕЛЕНСКИ НЕ МУ ВЕРУВА НА ЗБОР

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во очекување на заедничко соопштение од состанокот меѓу руската и американската делегација во Ријад, кој траеше повеќе од 12 часа и заврши во понеделникот, се огласи и Кремљ, со не многу охрабрувачки изјави.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека содржината на разговорите меѓу руската и американската делегација во Ријад нема да биде објавена во јавноста, а контактите биле од техничка природа.

– Ова се технички преговори. Тоа се разговори во кои се разгледуваат детали и затоа содржината нема да биде објавена во јавноста, тоа не треба да се очекува. Pовторувам уште еднаш, сега се анализираат извештаите и дури тогаш ќе може да се зборува за некои сознанија – им рече Песков на новинарите на прашањето дали ќе има изјави по разговорите во Ријад.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, во интервју Канал 1, прецизирал декка руските и американските делегации разговарале за прашањата за безбедна пловидба во Црното Море.

Но, Лавров додал дека Русија не може да му верува на Владимир Зеленски во врска со обновувањето на Црноморската иницијатива.

– Русија не може да го прифати Киев на збор. САД го слушнаа сигналот од Руската Fедерација во врска со гаранциите и разбираат дека само тие можат да постигнат позитивен резултат во запирање на терористичките напади на Киев – додаде Лавров.

Министерот истакна дека Москва се залага за обновување на Црноморската иницијатива во форма која е поприфатлива за сите. Тој нагласи дека Русија е загрижена за безбедноста на храната во земјите во Африка, глобалниот југ и исток, кои страдаат од „игрите на Западот“.

– Руската делегација на средбата во Ријад побара да нема нејаснотии во новата црноморска иницијатива – додал Лавров.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот во вечерното обраќање во понеделникот најави дека делегацијата на САД повторно ќе се сретне со украинскиот тим по средбата со руската делегација во Саудиска Арабија.

- Advertisement -
Ad image

Во неделата навечер, на 23 март, во Саудиска Арабија се одржа состанок на претставници на Украина и САД, на кој се разговараше за евентуален делумен прекин на огнот меѓу Украина и Русија.

Share This Article