Со големо задоволство Охридскај ја најавува историската средба што ќе се одржи утре во Општина Пула ,Р.Хрватска, кога делегација од Општина Охрид, предводена од Градоначалникот г-дин Кирил Пецаков, ќе потпише повелба за збратимување со градоначалникот на Општина Пула, д-р Филип Зоричиќ.
Овој значаен чекор ќе ги поврзе двата прекрасни града под тврдини – бисерот на Охридското Езеро и бисерот на Јадранското Море. Охрид, град со богато културно наследство под заштита на УНЕСКО, и Пула, импресивен антички град на седум ридови, отсега ќе чекорат заедно кон иднината.
Градот Пула, сместен на југозападниот врв на полуостровот Истра, се одликува со својата извонредна географска положба. Изграден на седум ридови (Каштел, Заро, Арена, Св. Мартин, Опатија Св. Миховила, Мондипола и Пра Гранде), овој прекрасен град располага со пространо природно заштитено пристаниште.
Со територија од 5.165 хектари, од кои 4.150 хектари копно и 1.015 хектари море, Пула претставува значаен културен и туристички центар на регионот. Градот на север се граничи со островите Св. Јеролим и Козад и урбаните населби Штинјан, Вели Врх и Шијанско Шума; на исток со областите Монтесерпо, Валмаде, Бусолер и Валдебек; на југ со Стара Плинара, Марина Веруда и островот Веруда; а на запад со Верудел, Лунгомаре и Музил.
Збратимувањето на овие два града со богата историја и култура отвора нови можности за соработка во областите на туризмот, културата, образованието и економијата. Oва партнерство ќе придонесе за поблиски врски помеѓу нашите граѓани и ќе создаде платформа за размена на искуства и идеи за одржлив развој.
Сашо Денесовски