Background

ПОЛИТИЧКА САТИРА: “ИГРОТЕКАТА СДСМ ОХРИД – КАДЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ СЕ РАЃААТ”

Во најновата епизода од политичкиот ријалити шоу “Кој сака да биде градоначалник?”, опозицијата на македонскиот блок нè изненади со свежа постава на кандидати кои ветуваат да ја променат иднината на општините. Или барем така велат нивните брошури.

Според медиумските мегафони на опозицијата, кандидат за градоначалник на Охрид ќе биде самиот престедател на ОО СДСМ Охрид, Асен Шајн – врвен претставник на политичката династија “Јас, бате и тате”. Ексклузивни извори блиски до партијата (читај: двајца преостанати членови кои заборавиле да си ги исплатат членарините) потврдуваат дека Шајн е апсолутен фаворит за победа на изборите. Во кои избори, прашувате? Па во изборите за “најпопуларен во игротеката”во партиското седиште, се разбира!

Партиското седиште на СДСМ Охрид неодамна помина низ драматична трансформација од политички штаб во “Весела игротека за сите возрасти” – со посебен акцент на оние со политичка зрелост на петгодишно дете. Таму, меѓу лизгалките и базенот со топчиња, се кројат судбините на охридските жители.

- Advertisement -
Ad image

На интерната партиска анкета, која наводно била спроведена со кревање на раце (или со боички, не е сосема јасно), во трка за номинација биле: Асен Шајн, Сашо Алче, Живка Ангелевска, самопрокламираниот доктор Сашо Точков и мистериозното НН лице. Последниов кандидат стекнал неочекувана популарност и го загрозил првото место на Шајн, но за среќа, групацијата “Јас, бате и тате” брзо интервенирала со неколку дополнителни гласови пронајдени во кутијата за донации на игротеката.

Откако Шајн триумфално ја преземал претседателската палка (буквално – бидејќи во игротеката користат палки за добивање ред меѓу децата), направил радикални промени во партиската структура. Сите “исфиркани” стари членови биле љубезно замолени да ја напуштат игротеката бидејќи, како што објаснил новиот претседател: “Нема место за дедовци и баби на детските лизгалки.”

Неговата визија за Охрид е јасна: да го претвори целиот град во една голема игротека каде што политичките одлуки ќе се донесуваат со брзи игри на “Камен-ножици-хартија”, а буџетот ќе се дели според принципот “Кој прв до врвот на тобоганот”.

Останува да видиме дали граѓаните на Охрид се подготвени да влезат во оваа политичка игротека, или сепак ќе решат дека оваа година ќе си играат со некој друг.

(Секоја сличност со вистински личности и настани е, за жал, чиста сатирична случајност изградена врз реалноста што понекогаш е посмешна од секоја измислица.)

Сашо Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation