Огромен слон, познат кај мештаните под името Плаи Бјанг Лек, влегол во продавницата во населено место во близина на главниот град на Тајланд, Банкок, околу 3 часот наутро.
На снимката, која брзо стана вирална на социјалните мрежи, се гледа животното како шета низ тесните ходници, а неговата огромна глава речиси го допира таванот.
Откако „прелетал“ низ понудените производи, слонот реши да се почасти – проголта неколку крцкави оризови крекери и јајца, а потоа полека се сврте и излезе како ништо да не се случило.
Палавиот слон живее во блискиот Национален парк Као Јаи, но често знае да оди во населени места во потрага по храна.
Иако мештаните редовно го гледаат како поминува покрај истата продавница, ова е прв пат всушност да влезе внатре.
„Мештаните се навикнати на неговите повремени појавувања, но неговото влегување во продавницата беше целосно изненадување што сериозно ги вознемири и сопственикот и жителите“, објави тајландскиот медиум.
Патем, Плаи Бјанг Лек минатата година беше фатен како провалува во ресторан додека сопствениците спиеја.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
