Background

МВР – Извадок на дел од дневните настани, 18.02.2026 година

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

 СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.В.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.10.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле извршен претрес кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и масло од канабис.

 СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Д.(27), В.М.(28), Е.Д.(26) и Ј.Т.(21), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство’’. На 15.12.2025 пред угостителски објект во Тетово, по претходни недоразбирања на социјална мрежа, пријавените физички ги нападнале С.Р (33) и Р.У.(18), двајцата од тетовско. 

- Advertisement -
Ad image

 СВР Струмица- ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Б.А.(41) од Скопје и Н.К.(31) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во текот на август 2025 година, С.С. побарал позајмица од 1000 евра од првопријавениот со цел да му ги врати за еден месец со камата од 200 евра, при што како гаранција во залог му оставил патничко возило, а посредник бил второпријавениот. По истекот на месецот, бидејќи С.С. не бил во можност да ја врати позајмицата, првопријавениот му пресметувал и барал несразмерна имотна корист пресметана како камата.

 СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Н.(60) од с.Селце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза’’. На 29.11.2025 на подрачјето на СВР Тетово било запрено патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, а при извршен преглед на возилото била пронајдена поголема количина на тутунски производи кои подлежат на законска акциза, за кои не приложил соодветна документација за платена акциза, ниту документација за потекло за стоката.

 На 17/18.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Ј.(28), М.Н.(33), Д.П.(38), А.Љ.(36) и Н.Г.(28), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 На 17.02.2026 во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат Тетово- с.Требош, 40-годишната З.М. од с.Требош, тетовско, управувајќи патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, излетала од патот и удрила во метална ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.М., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

 На 17.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во 15:20 часот на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско. На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 На 17.02.2026 во 19:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на локален пат во с. Градец, гостиварско, патничко возило „опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(30) од с.Добридол, гостиварско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Џ.Ш.(31) од с.Добридол, констатирани во Медицински центар Гостивар. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

 На 17.02.2026 во 10:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека во фабрика во Тетово, при извршување работни задачи со тешки телесни повреди се здобил Б.Н. (46) од Тетово. Тој е пренесен во приватна болница во Скопје за укажување на помош, од страна на екипа од СВР Тетово и инспектор од Државен инспекторат за труд извршен е увид на лице место.

 ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ц.О.(23) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 На 18.02.2026 во 02:00 часот кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Р.С.(36) од САД. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.С., кој дал на увид сообраќајна дозвола и возачка дозвола, но одбил да приложи документ за лична идентификација, по што физички ги нападнал полициските службеници кои вршеле службени дејствија. За настанот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 На 17.02.2026 во 09:45 часот во ОВР Неготино, 18-годишник од демиркаписко, пријави дека во октомври или ноември 2025, едно машко лице во Неготино му ја земало и фотографирало неговата лична карта со изговор дека е потребно во постапка за делење на пакети за црквата за што би добил паричен надомест, но до пријавување на настанот не бил повикан да дели пакети ниту добил пари и се сомнева дека личната карта му била злоупотребена за подигнување на кредит во финансиско друштво. Имено, тој во меѓувреме добил писмо од финансиско друштво за отплата на кредит, подигнат на негово име во висина од 215.731 денари, за кој се сомнева дека истото лице го подигнало со злоупотреба на личната карта. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation