Топ Вести - Слушај сега
Иран организира масовен погреб за девојчињата и вработените убиени во ракетирањето на основното училиште за девојчиња во Хормозан, јужен Иран, што се случи на првиот ден од американско-израелските напади врз Иран на 28 феврари.
Десетици илјади луѓе се собраа во Минаб на масовната церемонија за убиените 165 лица, скандирајќи против САД и Израел.
Иранската државна телевизија објави снимки од преполниот плоштад во градот. Мажите го мавтаа знамето на Исламската Република, а жените облечени во црно стоеја одвоено, при што дел од нив држеа фотографии од децата.
Толпата скандираше „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и „Без предавање“.
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, во понеделник ги обвини САД и Израел за убиството на ученичките.
„Ова се гробови што се копаат за повеќе од 160 невини млади девојки кои беа убиени во американско-израелското бомбардирање на основно училиште. Нивните тела беа искинати на парчиња“, напиша Арагчи на Икс и објави фотографија од новоископаните гробови.
Израелската војска тврди дека не била свесна за никакви израелски или американски напади во таа област.
Американскиот државен секретар Марко Рубио на новинаррско прашање во врска со бомбардирањетто на училиштето рече дека Пентагон води истрага дали објектот е погоден со американска ракета и прашањето треба да се постави таму.
– Јасно е дека САД не би гаѓале намерно училиште. Наша цел се фариките за оружје – рече Рубио.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
