Background

Комисијата за заштита од дискриминација утврдила дека врз 12.000 пензионери, кои стекнале право на пензија во Македонија, но пријавиле адреса на живеење надвор од државата, е направена дискриминација со тоа што не биле опфатени при зголемувањето на пензиите по 2.500 денари во март 2025 година, како и идните зголемувања од редовното усогласување на пензиите по овој датум.

Комисијата за заштита од дискриминација утврдила дека врз 12.000 пензионери, кои стекнале право на пензија во Македонија, но пријавиле адреса на живеење надвор од државата, е направена дискриминација со тоа што не биле опфатени при зголемувањето на пензиите по 2.500 денари во март 2025 година, како и идните зголемувања од редовното усогласување на пензиите по овој датум.

Претставки до Комисијата за заштита од дискрининација ја поднел Темелко Ристовски, поранешен универзитетски професор по уставно право, сега пензионер, како и пензионерка која работела во градинката „8 март“ во Скопје и нејзиниот сопруг, поранешен вработен во Македонски народен театар (МНТ). За истиот проблем поднесени се уште две иницијативи до Уставниот суд, но засега за нив нема одлука.

Пензионерите кои живеат во странство имаат обврска еднаш годишно да се пријавуваат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување(ПИОМ). Така се знае колку од нив не се во земјава.

- Advertisement -
Ad image

Кога Владата во 2024 година направи измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување за еднократно да ги зголеми пензиите за по 2.500 денари, тоа беше образложено како мерка за заштита на стандардот на пензионерите и одржување на нивната куповна моќ во услови на ценовен шок.

По оваа измена што предвидува линеарно зголемување на пензиите, дополнително се направи уште измена година подоцна, во 2025, при што се смени членот 37 и се додаде условот „пензијата да се исплаќа во Република Северна Македонија“.

Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека иако условот на прв поглед делува неутрално (не прави поделба по државјанство, етничка припадност и слично), сепак де факто ги дели пензионерите според нивното место на живеење.

„Со тоа, нивната пензија станува пониска во однос на пензијата на лице со ист работен стаж и ист основен износ, само поради различното место на исплата. Надлежните органи не се осврнале на оправданоста, ниту образложиле која е целта на државата поради која ја исклучила оваа група пензионери“, утврди Комисијата.

Освен тоа, зголемувањето на мартовските пензии беше исплатено на 1 април 2025, а измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување се објавени во „Службен весник“ седум дена подоцна, на 8 април. Ова значи дека во моментот на исплата новиот закон не бил во сила, а закон не може да важи ретроактивно затоа што ретроактивноста е спротивна на Уставот.

Измените на законот беа поднесени од Министерството за социјална политика, демографија и млади, по што Собранието на 1 април ги изгласа.

Според податоците од ПИОМ, во септември во Северна Македонија имало 347.352 пензионери. Просечно исплатената пензија била 27.189 денари. Најбројни (околу 250.000 пензионери) се корисници на старосна пензија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation