Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан откри во текот на последната епизода од шестата сезона на реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“ (Keeping Up with the Kardashians) кое познато име би можело да ја убеди да се откаже од целибатот.
Кардашијан му се доверила на славниот фризер Крис Еплтон, кој е познат по соработката со нејзината сестра Ким, како и на актерките Џенифер Лопез и Кришел Стаус, пишува порталот „Пејџ сикс“.
„Ох, би имала секс со Крис Еплтон“, рече 40-годишната реалити ѕвезда, мислејќи на славниот фризер кој работи со Ким Кардашијан, Џенифер Лопез и многу други ѕвезди.

„Тотално. Тој е толку згоден. Не знам дали тој би имал секс со мене. Но јас би со него“, додала таа. Клои, се разбира, на шега призна дека Еплтон, кој е отворено геј, веројатно нема да ѝ возврати на понудата.
„Тој е толку убав!“, „Кој не би го посакал?“, „Има навистина добра енергија“, „Не знам дали би му се допаднала, но дефинитивно би го сакала“, рекла реалити ѕвездата.
Нејзината оптимистичка изјава дојде при крајот на епизодата, откако таа и Еплтон на шега коментираа за апликациите за состаноци за време на прославата на 44-тиот роденден на Ким.
„Треба да ги споиме сите апликации за запознавање во една и да ја наречеме „Што остана“, бидејќи да бидеме реални – зае..ни сме“, се пошегувал Еплтон, додавајќи дека тој и Клои ќе бидат заедно. “Тоа не е толку лошо. Мене ми одговара затоа што ми треба некој за друштво, а ти оди каде ти треба, а јас ќе бидам дома”, додала ријалити ѕвездата и признала дека немала секс со години.
Инаку, ѕвездата од шоуто „Keeping Up with the Kardashians“ е сингл од 2021 година, откако ја прекина турбулентната врска со Тристан Томпсон. Кардашијан има две деца со НБА играчт, а планира да остане во „целибат“ додека не го најде вистинскиот маж.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
