Background

Киев слави рекорд, целта била рафинерија?

Украинските сили го изведоа досега најдлабокиот напад внатре во руска територија. Според објавите на каналот Вишеград24 на Икс ова е светски рекорд во војувањето со дронови-самоубијци. Мапата која ја објави каналот покажува траекторија од 2.092 километри.

Се чини дека дронот испален од украинската граница успеал да прелета  и да удри во областа на Тјумењ, длабоко во Сибир, некаде меѓу Јекатеринбург и Чељабинск.

Според украински извори, целта биле складишта на гориво и индустриска постројка поврзана со рафинерија во близина на Тјумењ, пишува Украинска Правда. Рускиот гувернер Александар Мор изјави дека нема жртви и дека системите за противвоздушна одбрана реагирале.

- Advertisement -
Ad image

На Телеграм се појавија непотврдени снимки од Тјумерње кои, според порталот РБЦ Украина, покажуваат чад и пожар.

Претходно, украинските сили веќе постигнаа удари со дронови на растојанија од околу 1.400 километри, кога беше погодена рафинерија во Јарославската област, северно од Москва. Нападот ја погодил нафтената инфраструктура што се смета за еден од клучните извори на снабдување за руската воена машинерија.

Неодамна беше потврден и украински напад 1.700 километри внатре во Русија, кај Урал. Погодена била хемиската фабрика „Азот“ во Пермскиот регион, во градот Березники. Таа фабрика е дел од корпорацијата „Уралхем“ и произведува амонијак, уреа и амониум нитрат — хемикалии што се користат и во производство на експлозиви.

Украинските напади врз руската енергетска инфраструктура зачестија како нова тактика на Киев.

Украина во последниот месец често гаѓа трафостаници, мрежи за пренос на електрична енергија и големи нафтени постројки.

Русија одговори со слични напади врз украинската енергетска мрежа, користејќи ракети и дронови за да предизвика прекини на струја во украинските региони, со цел да ги наруши станбените, индустриските и воените капацитети на Киев.

Претходно, на 1 јуни оваа година, Украина ја спроведе операцијата „Пајакова мрежа“ (Operation Spider’s Web) во која дронови погодија руски воздухопловни бази длабоко во руската територија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation