Електронски извадените документи ќе бидат важечки

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека со законските измени со кои отсега печатената верзија на документот изваден по електронски пат преку порталот uslugi.gov.mk станува валидна, граѓаните нема да плаќаат двапати како досега кога поради неважење на печатената верзија беа принудени повторно да го вадат истиот документ на шалтерите и за истиот да плаќаат.

– Ново во законот е тоа што не се врши дополнителна проверка што претходно мораше да се направи за документот да биде валиден. Претходно можеше документот да се користи електронски, но неговата печатена верзија не важеше. Сега со измените, печатената верзија на електронскиот документ е целосно валидна, има времен жиг, електронски печат и потпис – појасни Андоновски во вечерашното гостување на телевизија Телма.

Во однос на порталот uslugi.gov.mk, Андоновски рече дека се дигитализирале услуги кои било најлесно да се дигитализираат и токму затоа има услуги што никогаш досега не се искористени или се користени два до три пати.

Министерот за дигитална трансформација, ги потенцираше новите услуги на ребрендираниот портал, каде што нагласи дека има над 200 услуги кои што граѓаните можат да ги искористат во секој момент. Тој истакна дека во првите 100 дена имало над 100 нови услуги на порталот.

– Општина Аеродром има 70 илјади жители, една од најбрзо растечките. Секој граѓанин мораше да патува до центарот на градот, цел ден ви треба одмор треба да земете, за да завршите многу едноставна работа. Сега тие тоа го прават во нашиот Центар за услуги во Бисер. Аеродром за месец дена од отворање на центарот е втор по големина или втор по искористеност центар за услуги. А ние тоа го направивме со постоечките ресурси – заклучи Андоновски.

За дигитализацијата, рече дека наследил состојба во која овој процес бил оставен да пропаѓа, а наследил и три тужби од повеќе милиони евра од Македонската радио телевизија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Радиодифузија.

Share This Article