Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, денеска се сретна со Шпела Керин, протетичарка од Кршко, Словенија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, денеска се сретна со Шпела Керин, протетичарка од Кршко, Словенија. Таа е водечки експерт протетичар во регионот за протези за раце и за лице (епитези), со над 25-годишно искуство. Шпела е во работна посета на земјава за да ја процени состојбата на повредените од трагедијата во Кочани. Во Македонија веќе има петмина корисници на нејзините протези.

На средбата со Клековски, како што соопшти ФЗОМ, е разговарано за потребите на повредените и кои се можностите. Естетско-функционалните протези се наменети за специфични потреби, се прават скроени по мерки откако ќе заврши процесот на заздравување на кожата. Разговарано е за финансирање од страна на Фондот, за што постојат искуства од Словенија и од Хрватска.

Клековски претходно комуницирал и со изралелската амбасадорка Симона Франкел, здравствените власти, како и со докторите кои ги водеа тимовите од Израел за помош на повредените од Кочани, д-р Шахар Шапира од Медицински центар Шиба и д-р Омер Марин, директор на „Шер Зедек“ во Ерусалим.

Тој испратил пораки за мир и за безбедност, и како што посочуваат од ФЗОМ, тимовите од Израел, што помогнаа по трагедијата во Кочани, се безбедни, но моментално се ангажирани во третман на повредените од ракетните напади.

„Тие упатуваат поздрави до повредените во Кочани и се посветени дека ќе дојдат да помогнат веднаш штом состојбата се стабилизира. Нивната помош за Кочани никогаш нема да ја заборавиме! Продолжуваме со соработката со експерти за да обезбедиме најдобра здравствена заштита за повредените! #Здравство #Кочани #Солидарност #Поддршка“, се наведува во соопштението од ФЗОМ.

Share This Article