Две лица загинаа, а осумнаесет се повредени кога мал авион удрил во фабрика за мебел во Калифорнија, јавува Sky News. На снимката од надзорната камера се гледа како авионот се навалува на едната страна додека се приближува до зградата, пред да експлодира во облак од црн чад.
Авионот потоа се урнал низ покривот на зградата во која во тоа време биле 200 работници. Несреќата се случила само две минути откако авионот полетал од општинскиот аеродром Фулертон во округот Оринџ, пренесува Индекс.
Портпаролот на полицијата изјави дека се уште не се знае дали двајцата загинати се во авионот или во фабриката. На осум повредени лица на лице место им била укажана прва помош, а десет од нив морале да одат во болница.
Потврдено е дека моделот на авион е РВ-10 со четири седишта. Тоа е втор ваков модел кој доживеа несреќа по полетувањето од истиот аеродром за два месеци.
Tagged as:
Авион удри во фабрика во Калифорнија и експлодира при што загинаа две лица
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
